ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, претставки до МВР и ДИК

Facebook
Twitter
Email
Print


Регистрираните напади во последниве две недели се приближуваат до бројката на вкупни напади во оваа година, што говори за еден недозволив тренд, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски.

Тој побара надлежните, Министерството за внатрешни работи и Обвинителствата веднаш да постапуваат по тие случаи.

„Влегуваме во последната најнервозна фаза на кампањата. Предупредуваме дека сево ова мора веднаш на престане. МВР и Обвинителствата да регираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Поднесовме претставки, повеќе пати и до МВР и до ДИК, за сите овие случувања и затоа очекуваме побрза реакција. Изборите ќе завршат на 31 октомври и ние новинарите нема да си легнеме со мислата дека до вчера беше кампања и се беше дозволено, а од денес почнува демократија. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера во целата земја“, вели Чадиковски.

Медиумските работници, кои во изминатиот период ги доживеале немилите настани побараа итна рекација од страна на надлежните.

„Затоа бараме, не утре, реакција на надлежните уште веднаш и сега“, нагласи Чадиковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи