Во големата сала на Општина Прилеп, претседателот на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски денеска ги додели решенијата за градоначалник и новите советници во Советот на Општина Прилеп.
За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на советот а исто така ќе биде избран и новиот претседател на советот.