Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарски граничен премин

Facebook
Twitter
Email
Print


Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Република Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство.

Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Република Македонија. Во автобусот цариниците пронашле 26 пакувања накит со вкупна тежина од 4,147 кг.

Шверцуваниот златен и сребрен накит е запленет, а против возачот на автобусот А.Б. (50) е поднесена кривична пшријава, пренесе БТА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира