Влада: Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за 1.216 вработувања во реалниот сектор

Facebook
Twitter
Email
Print


Владата на Република Македонија на денешната 119-та редовна седница го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со ревидираниот Оперативен план обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот на Република Македонија во износ од 284.960.000 денари за да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории како што е предвидено со Акциски план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од јули 2021 година.

Од вкупно предвидените средства за оваа намена 36.900.000 денари се наменети за Програмата 1, односно за поддршка за самовработување (претприемништво)  за дополнителни 115 самовработувања; 153.750.000 денари за мерката за субвенционирање на плати за 674 дополнителни невработени лица; за имплементација на нова пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор во Источниот плански регион за 300 невработени лица во висина од 73.800.000 денари, како и 15.289.200 денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 дополнителни вработувања.

Со овие измени и дополнувања, со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година ќе се зголеми опфатот на корисниците на програмите за вработување за 1.216 невработени лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи