22 новозаразени и 1 починато лице од корона во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш – по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка , Кратово и Демир Хисар – по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Струга и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 28, Кавадарци – 26, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип – 8, Велес – 7, Кочани – 6, Охрид и Крива Паланка – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци – по 2, Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81г, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.

Направени се 3.145 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–59, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–167, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-113, Биотек-152, Систина-65, лабораторија Лаор-118, Синлаб-18, Ремедика-18, Плодност–54, Генеа-7, Никоб лаб-223, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.373.

Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи