Претставници од Светска Банка во евалуација на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес оствари средба со експертите на Светска банка Витали Геворкиан – aрхитект и Блерта Ќерими – виш специјалист за развој на приватен сектор. Целта на средбата беше евалуација на постигнатите резултати од проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, показателите за успешност и да се видат придобивките односно влијанието кое го имаше проектот за развој на туризмот во Општина Прилеп, како дел од мисијата за завршување на Проектот за локална и регионална конкурентност.

Пред средбата со Градоначалникот, претставниците на Светска банка извршија посета на содржините и уредените локации покрај Прилепско езеро каде беа реализирани градежните активности.

На средбата градоначалникот изрази задоволство од спроведениот проект и презентираше идеи за понатамошно унапредување на просторот со нови содржини кои ќе ја збогатат понудата и ќе го подобрат целокупното искуство на посетителите. Градоначалникот истакна дека за подбрување на содржините Општината ќе спроведе анкета со што би се слушнал гласот на граѓаните за утврдување на содржните кои недостасуваат на просторот.

Исто така градоначалникот истакна дека останува посветен на спроведување на проекти кои се од интерес на граѓаните како и развој на идеи кои би можеле да бидат финансирани од страна на Светска Банка и Европската унија.

Геворкиан и Ќерими истакнаа дека се задоволни од спроведениот проект и дека искуствата споделени од Општина Прилеп ќе придонесат кон подобрување на идното планирање за ваков и сличен тип на проекти кои би биле поддржани од Светска Банка.

Вкупна вредност на проектот е 49.487.797,00 денари, од кои 5.938.536 денари сопствено учество на Општина Прилеп. Потпроектот е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи