Одделението за администрирање приходи започна со подготовка на известувања и опомени до граѓаните за подмирување на обврските за данок на имот во Крушево. Во наредните денови истите ќе бидат доставени до граѓаните и се апелира на подмирување на сите обврски навремено и целосно.
Се известуваме граѓаните дека доколку не се подмират обврските, општината ќе пристапи кон присилна наплата. Сите заостанати долгови ќе бидат наплатени.
„Плаќањето на давачките кон општината не само што е обврска туку претставува еден процес кој се враќа повторно кон граѓаните. Плаќањето на даноците значи дека општина Крушево ќе има средства за активности и проекти кои се од општествен интерес. Уплатените пари од страна на граѓаните повторно се враќаат назад и овозможуваат развој на општина Крушево“, велат од Општина Крушево.