Превозникот „Беса транс“ не го пријавил опожарениот автобус во електронскиот систем и со тоа немал извадено лиценца за него, туку користел лиценца издадена за друг автобус во сопственост на компанијата.
„За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот „Беса транс“ за вршење меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој шпекулираат одредени медиуми, а бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот „Беса транс“. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски и потсетуваат дека поради тоа ѝ е одземена лиценцата на оваа агенција.
140