Битолската ликовна колонија „Нижополе“ ќе се престави пред прилепчани

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 30 ноември, вторник од 12.30 ч. во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од битолската ликовна колонија „Нижополе“. Пред прилепчани ќе бидат изложени 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.

Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста. Имено, на колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле  над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700  уметнички дела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми