Ќе се отвори спомен соба за драматургот Васил Иљоски

На 3-тата седница на Советот на Oпштина Крушево се донесе одлука за отворање на спомен соба на Васил Иљоски. Истата ќе биде сместена во горната училишна зграда.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски е во комуникација со семејството на познатиот драматург од Крушево и врз основа на таа комуникација лични предмети од Иљоски се отстапени на Општина Крушево.

Васил Иљоски е познат драматург, писател и есеист чии дела се меѓу првите на македонски дијалект. Тој е роден во Крушево во 1902-ра година, а оспособување на спомен соба е со цел да се означи и зачува неговото наследство.

„Ова е еден мал гест кон Васил Иљоски. Овој крушевчанец остави многу дела и со својот живот остави траен печат. Отварањето на спомен собата е добар почеток за зачувување и промоција на ликот и делото на Иљоски“, изјави претседателот на Советот на Општина Крушево, Андреј Николоски.

Просторијата, според одлуката, ќе биде управувана од страна на домот на култура „Наум Наумовски Борче“ со асистенција на Здружение за угостителство и туризам и здружение „Хумани односи“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи