Патиштата под снег, АМСМ воведе забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Facebook
Twitter
Email
Print


АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува дека се воведува забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци:

Од 09:40 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Од 07:15 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на планинскиот премин Стража.

Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар.

Од 22:00 часот (29.11.2021) е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи