На 29.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 49 мерки, и тоа против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место преземени се 19 мерки, додека 30 мерки против возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.