Младите недоволно информирани за правото на младински додаток – потребно е децентрализирање на мерката

Kонференцијата „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“  е завршен настан како дел од националната кампања „Право на младински додаток“ и има за цел да го промовира Законот за младински додаток и да ги презентира наодите од Истражувањето за корисноста и влијанието на законот и да обезбеди клучни препораки за негово подобрување.

„Само 10% од испитаните во државата добро се запознаени со Законот за младински додаток, додека пак 33% имаат слушнато за истиот. Загрижувачко е што скоро 60% од младите испитани прв пат слушнале за Законот. Од почетокот на кампањата до денес, бројот на корисници на младински додаток се зголемил за околу 140“, изјави Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Според Советникот за млади и младински политики Ѓорѓи Тасев, во 2021 година има издвоено буџет од 100 милиони денари за 4000 млади кои можат да ја искористат можноста.

„Се подобрува стандардот на живот на младите и се придонесува за вкупен економски развој на државата. Сеопфатна максимална искористеност на мерката е можна само ако се прави преку локалните економски совети, општините и невладините организации кои работат во оваа сфера. Она што сметам дека е битно е мерката да биде децентрализирана за да биде афирмирана од крајните корисници т.е. младите“, изјави Тасев.

Извршниот претседал на БКМ, Миле Бошков истакна дека менталниот склоп на младите кои иднината ја гледаат надвор, незадоволството од малиите плати и скромниот систем на информирање се некои од проблемите за незаинтересираноста на младите за оваа мерка или само неинформираноста.

„Корпоративните компании користат smart recruitment што значи дека ги исполнуваат сите понудени можности кои се на пазарот, и сметам дека за да се прошири ова и во руралните средини, треба малку поширок опсег на соработка и дијалог. Во однос на унапредување на мерката, треба да се види дали е важно помошта да се зголеми дури и скалесто за руралните средини или според примања, па можеби и треба да се размислува за поместување на границата од 23 години“, рече Бошков.

Национална Кампања „Право на младински додаток“ се спроведува во периодот од август – декември 2021 година. Поддржувачи на истата се: Конфедерација на Слободни Синдикати (КСС), Бизнис Конфедерација (БК), Инфо Компас Прилеп. Партнери во спроведувањето на кампањата се: Bintern, Network for European Citizenship and Identity North Macedonia – NECI NMK, Младински Совет Прилеп, Организација на жените – ОЖО – Свети Николе, ЛАГ АгроЛидер и Волонтерски Центар Скопје. Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од Законот за младински додаток.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи