Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска се одржа „Музички маратон“ на кој се претставија 48 ученици. Организатор на пијано маратонот кој траеше повеќе од двa часа е музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“.
Оваа година темите на кои музицираа учениците беа слободни а маратонот беше организиран согласно протоколите за заштита од Ковид 19.
„Музичкиот маратон“ го посети градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој им честиташе на најдобрите ученици и ги додели наградите.