Во делови од Прилеп водата неисправна за пиење – мора да се преврива


ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп известува дека  ќе има временска мерка-препорака поради заматување на водата во одредени делови од градот.

„Поради енормно зголемената издашност на изворот „Студенчица“, во водоводниот систем има промена на притисокот во мрежата и  со тоа доаѓа до мало заматување на водата во одредени делови од градот.

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп поради превенција излегува со временска мерка-препорака: доколку забележите  заматување на водата, пред конзумирање да се преврива 10 минути. Стабилизирање на состојбата очекуваме да има на ден 04.12.2021 (сабота)“, стои во соопштението од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира