Утринава околу 3 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на фабриката Ван Хоол, при контрола на полицијата стопирано е возило на скопјанец. Полициските службеници останале во шок кога дрегерот покажал дека тој има 4,14 промили алкохол во крвта.
Возилото веднаш било исклучено од сообраќај, изречена му е парична казна, а ќе следува и привремено одземање на дозволата за управување на возилото.
Инаку во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 157 возачи.
Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.