Центар за граѓанска иницијатива како организација која е посветена на развојот на граѓанското општетство од една страна и стимулирање на младинскиот активизам од друга страна е посветена на стимулирање на волонтерската работа и нејзината поддршка.
Некои од нас никогаш не се претставувале како волонтери, но работеле во корист на другите во заедницата „со драга волја“, без обврски и притисоци. Одсекогаш ова го имало и ќе го има.
Името „волонтер“ кое го користиме во поново време, можеби за некој е ново и невообичаено, но да појасниме: волонтери се сите соседи, пријатели, роднини, мештани, граѓани, кои со задоволство „подаваат рака“ на друг, прават нешто корисно за својата зграда, место, општество, а притоа на тоа да не ги тера ни обврска ни материјална корист. Таквите луѓе се водени одвнатре, сакаат да ги остварат своите пориви и да му дадат на општеството свој прилог, доброволно.
Волонтерите го приметуваат животот околку себе, се залагаат за промени и го збогатуваат својот внатрешен свет.
Кој е волонтер?
Кога ќе се спомне зборот „волонтер“ веројатно кај мнозинството луѓе се јавува слика на личност која и помага на некоја друга личност која е немоќна, не може сама да си помогне. Поимот „волонтеризам” обично вклучува директна помош, како самоволна работа во училиште, болница, дом за стари, задруга за хендикепирани. Таквата слика може да не поттикне да направиме нешто што го сметаме за важно и вредно, но може и да не уплаши, затоа што можеби мислиме дека не сме дораснати за тоа. Но постојат и други облици на волонтирање кои не се насочени на директна работа со луѓе, но затоа се еднакво вредни. Тоа на пример се соработката во управување на задруга низ членство во управниот одбор, собирање на финансиски средства потребни за промоција на волонтирањето во општеството, ангажман во процесот на лобирање за разни политички и општествени промени…
Волонтерите се разликуваат и по тоа дали волонтираат во слободно време, надвор од своите работни и семејни обврски, еден ден во неделата или неколку саати месечно, дали го прават тоа цело работно време или одреден временски период (обично млади луѓе, кои не примаат финансиска надокнада, но им се осигуруваат сместување и/или прехрана).
Занимаваќи се со волонтерите и волонтирањето, откривме дека тоа е стил на живот кој поврзува многу луѓе на светот. Во некои држави се волонтира од најрана детска возараст. Во некои свеста за доброволна работа полека се развива и шири. Постојат светски организации за развој на волонтерската работа. Постојат и светски ден на волонтерите кој го одредиле Обединитеите Нации.
5 декември – Меѓународен ден на волонтерите.
Каде да се волонтира?
Како да се пронајде каде и за кого да се волонтира?
Понекогаш здруженијата активно бараат волонтери, повикувајќи ги да им се придружат. Понекогаш некој кој го познавате ви упатува лична покана, а во други случаи сами воочувате дека нешто се случува во вашата зедница, во што сакате да учествувате.
Следен чекор е да се откријат тие организации, да се посетат при што треба да се открие што работи организацијата, за кој вид на програми им се потребни волонтери, што конкретно волонтерите би требало да работат, во кое време и колку долго, со кого би работеле, каде би работеле, што се очекува како краен резултат на волонтерската работа и друго.
Без оглед каде и на кој начин се волонтира, ангажманот претпоставува одредена, јасно дефинирана одговорност, како на волонтерот, така и на организацијата за која волонтира.
Што добива волонтерот
Никој не работи нешто за ништо!
Можеби ова тврдење се чини премногу остро и во спротивност со идејата за волонтирање, но бидете сигурни-вистина е. Она што волонтерот го очекува за возврат не е материјална корист, нити формален статус. На волонтерот му треба прилика да ги оствари своите соништа, да придонесе за промени на подобро, да се изрази и да биде сфатен. Наградите за такви мотиви се почит, поддршка, отвореност и можност за влијание.
Доколку во програмата за волонтирање е вклучен и материјален продонес, тоа не смее и не може да биде плата за завршена работа. Материјалниот придонес служи само како надокнада за трошоците за волонтирање (патни трошоци, потребен прибор, материјал, лесен оброк). На волонтерот останува да одлучи дали освен своето време и знаење, ќе ја подари и вредноста на трошоците кои настануваат со волонтирање. Ако волонтерот се реши и за тоа, ќе станете и донатор на организацијата во која волонтира.
Центар за граѓанска иницијатива и денес е организација која е широко отворена за волонтери и волонтерска работа. Организација која ја стимулира волонтерската работа и која реализира проекти и активности преку кој се обидува на млади волонтери да им помогне за обезбедување на искуство и работно место.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.