Сарафов за автобуската несреќа: Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот

Facebook
Twitter
Email
Print


Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е во завршна фаза. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Овие резултати би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Според Сарафов, податоците во моментот покажуваат дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен.

„Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 км/ч. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач“, рече Сарафов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи