ЕСМ ја достави понудата за цената на електричната енергија од домашно производство по која домаќинствата ќе плаќаат следната година.
За домаќинствата и за малите потрошувачи, ЕСМ понуди струја по цена од 41 евра за мегават-час, што е за 13,6 %повеќе од цената по која сега ја продава, информираше ЕВН хоум по завршениот тендер.
Цената на струјата од ЕСМ учествува во крајната цена со над 40 %. Во формирањето на крајната цена влегуваат и трошоците на ЕВН хоум и Електродистрибуција – фирми ќерки на ЕВН Македонија, на Нациоалниот оператор на пазарот на електрична енергија, на МЕПСО, како и цената на струјата од обновливи извори на енергија.
Конечните пресметки за тоа колкава цена ќе плаќаат домаќинствата и малите снабдувачи, треба да ги каже Регулаторната комисија за енергетика.