Триесет години по катастрофата во Чернобил во Украина и во време кога Европа прави планови за ослободување од нуклеарното производство на енергија, Белорусија гради нуклеарна централа на 15 км од границата со Литванија. Европските соседи на Белорусија со загриженост ја следат изградбата на оваа централа финансирана од Русија.
Централата Островец се гради на северо-истокот на Белорусија и изградбата влегува во својата финална фаза. Централата има два реактори од 1.200 мегавати секој и тие ќе бидат активирани во 2019 година и 2020 година. Проектот го води нуклеарната руска група Росатом со инвестиција од 11 милијарди долари од кои 10 се кредит од Русија.
Проектот ги враќа спомените од трагичната 1986 година кога се случи катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил. Радијацијата се прошири низ речиси цела Европа со тешки последици и за Украина и за другите земји од континетот.
Елена Мартишченкова, социолог од Белорусија, вели дека нејзините истражувања, водени од 2005 година до денес, покажуваат дека половина од белоруското население ја поддржува изградбата на оваа централа.
Меѓутоа, овој ентузијазам не го дели соседна Литванија. Таму го критикуваат проектот за кој велат дека ги крши меѓународните норми за нуклеарна и еколошка безбедност, на 20 километри од ЕУ и само 40 километри од литванската претолнина. Вилниус тврди дека “проектот што се гради е нарушување на нуклеарната и еколошката безбедност на 20 км од границата со ЕУ и на 40 км од границата со Вилниус”.
Откако неодамна беа укинати европските санкции, благодарение на ослободувањето на опозициските лидери во земјата, за да ја смири за загриженоста, Минск тврди дека сака да биде енергетски независен , односно да ја намали својата зависност од рускиот гас што се користи за производство на електрична енергија и дека изградбата на оваа централа се прави со меѓународни експерти кои редовно доаѓаат да ги набљудуваат градежните работи. Од почетокот на изградбата во 2012 година седум експертски мисии на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Планот за изградба на атомската централа, најавен во 2011 година, му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин да го прошири неговото влијание на подрачјето на некогашна СССР, пружајќи му помош на белорускиот претседател Александер Лукашенко кој по прогонот од опозицијата се најде во тешка економска криза поради санкциите од Западот.