Учениците од ООУ „Рампо Левката“ креираа мозаик новогодишна елка од употребени пластични капачиња

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Учениците од ООУ „Рампо Левката“ годината ја заокружуваат со неколку еколошки активности и истакнуваат дека со рециклирање може да се создава уметност.

„Учениците од „Еко одбор“ креираа мозаик новогодишна елка од употребени пластични капачиња, а помалите ученици од одделенска настава преку работилници со своите наставници, од т.н.бакалски кеси изработија новогодишни чизми.

На овој начин, учениците испратија порака за нивна употреба наспроти најлонските кои се тешко разградливи.

Дел од новогодишните украси направени по пат на рециклирање беа разменети со учениците од ООУ „Климент Охридски“ со најубави желби. Браво за сите!“, велат од ООУ „Рампо Левката“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми