ЏК „Сеишин“ Прилеп дел од европскиот проект – „Подобри го својот клуб“


На 29 и 30.01.2021 во Скопје, Џудо Клубот Сеишин – Прилеп зеде учество на првиот од низата семинари и едукации кои се дел од проектот на Европската Џудо Федерација, „Подобри го својот клуб“. Организатор на овој семинар беше Џудо Федерацијата на Македонија со цел подобрување на работата на тренерите во македонските џудо клубовите.

„Предавач на семинарот кој се оддржа во спортскиот центар Кале во Скопје беше г-дин Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 7 ДАН, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“. Покрај Демонфакон на семинарот беше присутна и г-ѓа Џејн Бриџ 8 ДАН, потпретседател на Европската Џудо Унија. Согласно агендата, Демонфакон оддржа четири сесии практична работа со македонските тренери на кои темата беше работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства ги пренесе на татамите, г-ѓа Бриџ ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ. Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп на овој семинар зеде учество со 10 свои стручни кадри од кои 5 актуелни лиценцирани тренери и дополнителни 5 кои ќе бидат новолиценцирани“, вели тренерот на ЏК Сеишин, Дејан Мицкоски.

Новина е што во клубот од оваа година се лиценцираат 2 девојки кои ќе бидат задолжени да работат со девојчињата по одредени возрасни групи секако под надзор и во координација со поискусните тренери од клубот. Со ова ЏК Сеишин Прилеп беше клуб со најмасовно присуство на стручни кадри.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи