Светската здравствена организација соопшти дека околу 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани, и дека тие се веројатно причина за смрт на десетина илјади деца од болести како што се маларија и воспаленија на белите дробови.
Ова е прв обид СЗО да го процени и да го разгледа овој проблем. Експертите разгледале 100 студии за над 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификуваните лекови ги сочинуваат лековите за лечење на маларија и бактериски инфекции.
Научниците кои ги ангажирала СЗО од Универзитетот во Единбург проценуваат дека меѓу 72.000 и 169.000 деца починале од воспаление на белите дробови откако примиле лажни лекови.