Бочварски: Обезбедени нови 3000 меѓународни дозволи за домашните транспортери

Facebook
Twitter
Email
Print


Правиме голем исчекор во транспортниот сектор. Сакам да им честитам на нашите домашни транспортери кои добиваат нови 3000 меѓународни дозволи за превоз на стока, што е огромна придобивка за транспортните компании и за целата домашна економија, изјави денес министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Овие нови 3 илјади дозволи ќе можат да се користат во Грција, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Грузија, Азербејџан и други земји, со кои отвораме можности за нови пазари, поврзување со нови потенцијални партнери и зголемување на домашниот економски раст и развој. Веќе од наредната недела ќе може да се аплицира во системот на министератвото за транспорт и врски за добивање на BSEC дозволи. Ова е нов заеднички успех на политиките на Влада и останатите институции кои дадоа свој придонес во овој значаен процес за развој на македонскиот транспортен сектор“, истакна Бочварски.

Патниот транспорт во државата зема големо учество во креирање на бруто домашниот производ од околу 10% и затоа добивањето на овие нови дозволи за превоз на стока е од големо значење.

Министерот потенцираше дека со приемот на Република Македонија во Организацијата за црноморската економска соработка, се создаваат услови за олеснување на патниот транспорт во земјите на црноморскиот регион.

„Со членството во оваа организација Република Македонија за прв пат добива 3 илјади транспортни дозволи од годишната квота за 2022 година од системот на ЦЕС. Придобивките се веќе евидентни и тоа се манифестира преку постепената либерализација на транспортниот пазар во земјите на овој регион“, изјави Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи