Спасовски: Од кога сум министер има за 4 пати повеќе контроли – намален е бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес повторно констатираше дека дури за 4 пати е зголемен обемот на контроли на сообраќајот, со сообраќајни казни по сите основи, споредбено за 2020 и 2021. Оттука се бележи и до намалување на бројот на загинати граѓани во сообраќајот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски рече и дека во 2013 година имало 198 жртви во сообраќајни несреќи, а минатата година 111.

„Тоа е благодарение на посветеноста и на работата, или ако сакате, од моментот кога јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалување на тешки телесни повреди, сериозни штети, итн. Ова е комплексен проблем, мора и образовниот систем да преземе дел од одговорноста, затоа што сообраќајната култура се стекнува од мали нозе“, кажа Спасовски.

Во текот на 2021 година се изречени 240.871 санкции за непочитување на сообраќајните правила, што е за четири пати повеќе споредено со 2020 година, кога биле изречени 55.444 санкции. Од овие 240.871 санкции, најголем дел се за пребрзо возење -104.703, прекршок кој според сите анализи е најчеста причина за сообраќајни несреќи со тешки последици. Покрај тоа санкционирани се 24.053 лица за управување без возачка дозвола, 10.360 возачи кои возеле под дејство на алкохол итн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи