22.02.2022 – денешниот датум е палиндром и амбиграм во едно

Денешниот датум 22.02.2022 е двојно редок, не само што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку може да се прочита и доколку го завртите екранот однопаку.

Терминот бил креиран од когнитивниот научник Даглас Хофштатер за означување на визуелно симетрични зборови, кои кога ќе се превртат остануваат непроменети или мутираат за да откријат друго значење.

Еден од најчестите „природни“ амбиграми, кои не се должат на намерно местење туку на самата природа на пишувањето на буквите, е SOS.

Поради големиот број двојки во датумот, но и поради денот вторник, корисниците на социјалните мрежи денешниот ден го нарекоа Twosday.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи