Вчера жител на улицата „Пане Талески“, во населбата „Под Кули“ останал без своето тркало на автомобилот поради огромните дупки кои никој надележен повеќе од 7 месеци не сакал да ги асфалтира откако била ископана улицата поради замена на старата водоводна мрежа. Жителите кои се крајно револтирани за оваа ситуација до нашата редакција доставија и фотографии.
„Ова е катастрофа, на улицата не се поминува, ниту пешки, ниту со автомобил. Овој случај со оштетување на автомобил поради огромните кратери кои останаа после копањето не е прв. И претходно имало оштетени автомобили. Срамота е никој жив да не се направи од надлежните иако постојано реагираме. Живееме како пред 100 години“, велат жителите, кои бараат итна реакција од Општина Прилеп да се асфалтира улицата.
Доколку не се реагира во најбрз можен рок жителите велат дека е можно да одржат и мирен протест.