Една недела се чисти дивата депонија кај прилепските касарни и се уште има купишта ѓубре


Од дивата депонија кај касарните во Прилеп, која се чисти веќе една недела, ЈКП „Комуналец“ досега исчистил над 500 м3 отпад, а се планира од оваа депонија да се исчистат уште над 300 м3 отпад. Депонијата се простираше од почетокот на касарната, токму каде завршува улицата „Ердован Шабаноски“, па по целата површина околу бодликавата жица, кружно до патот за вештачкото езеро.

„Остануваат за чистење 10 помали диви депонии и две големи диви депонии, исто со по над 1000 м3 отпад. Едната е по патот за вештачкото езеро од левата страна, односно колскиот пат кој води кон светски познатата карпа Скаменета баба, каде преку целата година доаѓаат странски туристи кои вежбаат болдеринг, а кои изминативе години редовно постираат кратки видеа на кои се истакнува негрижата за зачувувањето на околината. Воедно, ќе се чисти и дивата депонија со локација пред Градските гробишта“, велат од ЈКП „Комуналец“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи