„Комуна“ апелира градежен шут да не се фрла во контејнерите бидејќи тоа ја усложнува и успорува работата

При одведување на отпад од контејнерите поставени на терен кој е тешко пристапен во зимски ослови вработените во „Комуна“ се соочуваат со потешкотии на празнење на контејнерите заради градежен отпад кој и покрај апелите на претпријатието се фрла во јавно достапните контејнери.

Денешната затекната ситуација покажа дека заради градежен отпад службите беа принудени да го чистат контејнерот рачно за да се избегне оштетување на пресата. Контејнерите не можат да бидат подигнати од комуналното возило токму заради градежниот отпад.

ЈП „Комуна“ во неколку наврати известуваше дека излегува во пресрет на граѓаните кои имаат градежен отпад со тоа што се повикуваат да го известат претпријатието за механизација од „Комуна“ да го одведе истиот одделно од останатиот отпад.

Затекнатата ситуација, која е само надополнение на големите количини снег и мраз, ја отежнува и успорува работата, а тоа остава простор контејнерите дополнително да се преполнуваат и отпадот да се расфрла.

Апелираме повторно граѓаните да не го фрлаат градежниот отпад во јавно достапните контејнери и да го контактираат претпријатието за ние да излеземе во пресрет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи