Жители на с. Десово осомничени за претепување до смрт на 48 годишен кичевчанец


На 20.03.2022, Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (29) и Д.Ѓ. (67) од с.Десово, општина Долнени, заради постоење на основано сомнение дека истите извршиле кривично дело нанесување на тешка телесна повреда со последица смрт казниво по член 131.ст.4 вв ст.1 од КЗ.

„Имено пријавените на 19.03.2022 во с. Десово физички го нападнале Р.Л. (48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал. Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел. Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. Телото по насоки на јавен Обвинител е предадено на обдукција. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп истите се лишени од слобода и предадени во основното јавно обвинителство за понатамошна постапка“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи