Во сабота голем сеземјоделски протест во Прилеп со блокада на патот Прилеп-Градско


Ние претставниците на земјоделските здруженија од сите земјоделски сектори во Македонија на состанокот одржан во Прилеп донесовме сет на барања со единствена цел за спас на земјоделието како гранка и државата воопшто, и тие наши барања ги упативме до сите надлежните институции кои за жал досега не смогнаа храброст барем да не удостојат со некаков одговор. Се вели во денешното соопштение од повеќе земјоделски здруженија.

„Иако барањата беа упатени со тридневен ултиматум, оставивме дополнителен временски период од една седмица за дијалог во кој временски рок се надевавме дека институциите ќе ја сфатат важноста на барањата и ќе постапат по нив. Но немањето на слух на владата и МЗШВ, а поради тешката ситуација во која се наоѓаат земјоделците, поради покачување на цените на нафтата, ѓубривата и останатите репроматеријали како и зголемената сиромаштија ве повикуваме сите на сеземјоделскиот предупредувачки протест во Прилеп сабота на 26.03.2022 со почеток од 11-13ч. кај бензиската станица на ЛУКОИЛ.

Воедно испраќаме длабоко извинување до сите кои ќе бидат спречени да патуваат во определениот временски интервал и се надеваме на разбирање од нивна страна бидејќи ние ова не го правиме за да се збогатат земјоделците туку да се спаси и прехрани државата. ЗАЕДНО ДО ХРАНА!!!“, велат од Земјоделските здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи