Прекин на вода на 3 улици во Крушево, продолжува реконструкцијата на водоводна линија

Прекин во водоснабдување ќе има на делови од улиците Партизанска, Питу Гули и Коча Миленку. Прекинот доаѓа како резултат на активностите за реконструкција на воводна линија на улицата Партизанска.

„Наша заложба е прекин на вода да има што е можно помалку, но проблемите кои се јавуваат во работата и самиот процес на реконструкција на водоводната линија бара да се прави прекин во водоснабдувањето. Ги известуваме граѓаните дека и во текот на утрешниот ден ќе има прекин“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира