Попладнево околу 16.15 минути настана пожар во објектот на стара библиотека во Прилеп, кој е лоциран до поранешното кино, позади Центарот за култура „Марко Цепенков“. Во моментов на терен има 3 возила на ТППЕ Прилеп и 7 пожарникари.
Објектот е во државна сопственост и со години е напуштен. Жителите на околните куќи велат дека ова место претставува дувло за уживатели на опојни дроги и досега често пати се случувале вакви пожари. Засега причините за денешниот пожар не се познати. Екипите на ТППЕ Прилеп се обидуваат да го стават огнот под контрола.