ВИДЕО – Прилепските пензионери: Да не ни лепат етикети, на улица не извади сиромаштијата, а не некоја партија


Прилепските пензионери крајно револтирани од изјавите на министерката за труд и социјална политика дека не е уставно и не може да има линеарно зголемување на пензиите денеска продолжија со протестите. Истакнаа дека тука биле излезени единствено како пензионери и дека зад нив не стои ниту една политичка партија. Повикаа да не им се лепат разни етикети, затоа што на улица ги изнесла сиромаштијата, а не партијата.

„Немој да мисли таа дека сме ние малоумни дека не знаеме што бараме, дека само ни пикаат под нос дека сме партиски. Да и кажеме дека партија овде не мешаме, а кога ќе дојде партиски да гласаме е тогаш ќче и кажеме на министерката како се гласа и што се гласа. А сега ние сме овде само како Здружение на пензионери. Наместо да му даде утеха на луѓето дека ќе направат некој напор да ни помогнат таа ви вели не знаете што барате. На колена не кленаа, не дотераа да питаме за тие 3.500 денари, како не им е срам“, вели Билјана Шекероска, пензионер.  

 

„До министерката вчера што даде таква изјава, еве да кажам дека јас за неа гласав и му се извинуваме овие пензионери што сум гласал за неа“, додаде Ангеле Савески, пензионер.

 

„Каде одиме, почнавме да купуваме во грамови, пиперки во грамови, домати во грамови, што правиме вака? 12.000 денари, два члена баба и дедо дали може да живеат? Дали за апчиња да дадат, дали за сметка, дали дрва, дали за што? Еве направете една математика“, кажа Миле Велкоски, пензионер.

 Уште еднаш се заканија дека ќе ја прекинат членарината во Здруженијата кои наместо да им помогнат и поддржат тие со нивни пари плаќале приватно обезбедување за да тие како пенизонери не можат да влезат во објектите.

 „Ако тие нашите пари ги трошат за лично обезбедување ние не можеме да бидеме рамнодушни на сето тоа. Значи ние не можеме да бидеме рамнодушни на сето тоа. Значи и ние имаме некои потреби. Ако тие може да одделуваат пари за приватни обезбедувања, тогаш на оние кои се најзагрозени од нас нека им ја платат електричната енергија, нека им купат дрва, нека им дадат некаква помош“, истакна Верче Јанческа, пензионер.

Прилепските пензионери се заканија дека доколку не бидат прифатени нивните барања деновиве ќе започнат и со блокади на патот Прилеп-Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи