Спасени три лица кои поради невреме изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денеска (30.08.2023) во 08:30 часот во СВР-Струмица од страна на граѓанин е пријавено дека во водите на Дојранското Езеро три лица изгубиле контрола над чамец поради невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето, па така и покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото.

Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Веднаш се преземени мерки од страна на патролниот тим од ПС за ГН и ГП -Стар Дојран, чамецот е пронајден и потоа со помош на патролниот тим чамецот и трите лица безбедно се извлечени на брегот на Дојранското Езеро.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци