Два пожари во долненско – над Манастирот Зрзе и над с. Кошино

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Попладнево на територијата на Општина Долнени избувнаа два пожари. Едниот над Манастирот Зрзе, другиот над с. Кошино

„Првиот, над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон с. Зрзе. Вториот пожар е над с. Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото. Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на ДЗС а вториот се подготвува за полетување. Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми