Од ТППЕ Прилеп ја честитаат 100 годишнината на македонската авијација со видео на кое се гледа огромната воздухопловна поддршка која пожарникарите ја добија во последниов период од страна на армиските и полициските хеликоптери, како и специјалните авиони за гаснење на пожари „Ер трактор“, при гаснењето на пожарите во Општина Долнени. Од ТППЕ Прилеп велат дека имаат безрезервна поддршка од нашите воздухопловни сили.
Командирот, Христијан Момироски, ни изјави дека дури вечерва прилепските противпожарни екипи се враќаат од долненско после цели 7 дена борба со пожарите. Прилепските пожарникари беа на терен буквално 24/7 и дење и ноќе. Сите пожари во Општина Долнени вечерва се конечно изгаснати.