Јовчески: Асфалтирани над 12 километри улици во Прилеп

Проектот за асфалтирање на улици и подобрување на патната инфраструктура во нашиот град е во полн ек и успешно се одвива, истакна денес градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Во текот на последните месеци, нашата Општина, интензивно работеше на проектот за рехабилитација на улици на кои што не беше интервенирано во последните 50 години.

Нашите градежни активности резултираат со нови асфалтирани улици, односно од почетокот на проектот имаме над 12 километри нов асфалт на улици во градот кои што биле заборавени и верувам дека почитувани сограѓани дека ова за вас претставува значително подобрување на условите на одвивање на сообрајќајот и животот во нашата општина.

Оваа инвестиција во инфраструктурата е само дел од нашата посветеност за подобрување на животната средина.

Им благодарам на сите граѓани за разбирањето и поддршката во време на реализацијата на нашите проекти. Во наредниот период ќе продолжиме со инвестиции во инфраструктурата и развојот на градот“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи