Отворена изложбата на дела од манифестацијата Мал Битолски Монмартр

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска, 6.12, беше отворена изложбата на дела од манифестацијата Мал Битолски Монмартр. Пред љубителите на ликовната уметност и за учениците од основните и средните училишта, презентирани се 30 дела  од учесници од 4 до 18 години од 20 земји.

Изложбата ја отвори Славчо Неделковски од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, кое е организатор на ликовната манифестација. При тоа тој посочи дека им е задоволство што по десетти пат во Центарот се отвора изложба од Мал битолски Монмартр, и дека тоа стана традиција.

„Задоволни сме што изложбата се отвора пред празникот Свети Климент, бидејќи се навршуваат 45 години од кога основачот на манифестацијата Коста Хаџи – Антоновски ја доби Свети Климентовата повелба.. Инаку годинава славиме 55 години од постоењето. Продолжуваме со истото темпо, мотивирани како никогаш досега. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во своето постоење има обединувачка мисија. Нашите резултати се видливи и се заради сплотеноста на едно огромно семејство на глобална заедница на ликовни педагози – професори, мецени, поддржувачи на уметноста преку реалноста. И пред с# заради љубовта на младите да сликаат и да ја пренесуваат својата енергија“, посочи Неделковски на отворањето на изложбата на Малиот Битолски Монмартр.

ЦК „Марко Цепенков“ изложбата ја реализира со поддршка на Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира