ОВР Прилеп со повеќе кривични пријави против граѓани за различни дела

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.11.2023 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот се обидел со нож да го нападне својот татко.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава и против И.Д. (31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 31.10.2023 во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Поднесена е кривична пријава и против Б.Б.(39) од с.Крушејани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие“. На 09.11.2023 во с.Крушејани, пријавениот физички го нападнал М.З., по што се обидел да го нападне и со тврд предмет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи