Денес во чест и спомен на светиот Николај архиепископот Мирликијски Чудотворец се освети и прекрши славски колач и се освети вода во маалското место наречено Тризла маало пред параклисот посветен на истоимениот светител. При што се собраа жителите на населбата и со празничен дух и вера го прославија Бог и заштитникот на нивното маало, а воедно и на градот Прилеп.
По молитвите на светиот Николај Мирликијскиот чудотворец Господ да ги услиша нашите молитви и да нѐ приведе кон покајание, исповедање на вистинската вера и животот во вечноста.