Синоќа, во НТ „Војдан Чернодрински“, пред преполна сала, Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ја изведе драмата „Со нив или без нив“, по текст и режија на Филип Стојаноски и менторство на проф. Билјана Тинтоска.
„Членовите на секцијата успешно, пожртвувано и со многу љубов претставија емотивна социјална драма со трагични и реални случки од нашето секојдневие. На сцената гледавме паралелни слики на два дијаметрално спротивни света – на екстремно богато и разгалено семејство, од една страна и многу сиромашно а патријархално семејство од друга страна. Во центарот на вниманието беше трагизмот на двете, секој на посебен начин, а споени околу идејата дека ,,Она што може да се купи со пари евтино е!“, вели професорката Билјана Тинтоска.