Мицкоски: Бараме сите медиумски работници да бидат ослободени од плаќање придонеси на плата


Медиумските работници да бидат ослободени од плаќање на придонесите за плата, со исклучок на МРТ и МИА, бидејќи добиваат пари од државниот буџет, е предлог-амандамнот на буџетот за 2024 година што планира да го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, станува збор за зафаќање од околу 28 отсто од бруто-платата, со оглед на тоа што би останало да се плаќа само персоналниот данок. Со ова, според него, би се овозможиле реални предуслови за покачување на платите во медиумската дејност.

„Станува збор за вработените во сите медиуми, како телевизија, печатени медиуми и радија, но и за вработените во интернет-порталите. Исто така, предлогот се однесува за сите вработени, а не само за новинарите. Нема да има никаква поделба на медиумите и без разлика дали некои се сметаат за критички настроени или провладини, ова ќе се однесува за сите“, вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на годишно ниво станува збор за вкупна сума од околу десет милиони евра. Доколку овoj предлог не биде прифатен од Владата и мнозинството, ако ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, што според Мицкоски е многу веројатно, при првиот ребаланс во јули ќе се предвиди ослободување на медиумските работници од овие давачки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи