Во Прилеп отворена изложба на дела од колонијата Дрен 2023


Изложба на дела од ликовната колонија Дрен 2023, што се одржа годинава во јули, по 15 пат, отворена е во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На изложбата се претставени вредни дела од уметниците Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески,  Маја  Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски,  Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски,  кои  користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали, содадоа творби кои остануваат трајно наследство за Центарот и државата, бидејќи колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Преку 30 дела од меѓународната ликовна колонија „ДРЕН 2023“ се на увид пред љубителите на уметноста.

„Од многубројното и разнообразно творештвото коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам“, вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира