ВИДЕО – Проданоски: Да бидеме хумани и солидарни, да се почитуваме и простуваме еден на друг и заедно да градиме просперитетно општество


Годината која помина, беше година во која секој од нас, се соочи со предизвиците на новото време и светската економска криза, година во која високата инфлација, скапата електрична енергија и  поскапите  производи, особено се почувствуваа во Република Македонија. Доаѓањето на новата 2024-та година, буди нови очекувања и надежи за посреќна, поубава и по просперитетна иднина, вели во своето обраќање претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

„Годината која доаѓа да биде година во исполнување на вашите желби, како на личен така и на професионален план. Во овие мигови кога ја чувствуваме новата надеж, да се потсетиме на основните човечки вредности,  за тоа дека треба да бидеме хумани, да бидеме солидарни, да бидеме чесни и праведни, да се  почитуваме и да си простуваме еден на друг.

Да бидеме одговорни и сите заедно со заеднички придонес да продолжиме да градиме просперитетно општество за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас.

Само на таков начин, кога со чиста намера и кога несебично  секој од нас би се вложил за доброто на сите, ќе покажеме вистинска љубов кон татковината. Во новата година и празничните денови кои доаѓаат ви посакувам многу здравје, љубов, радост и хармонија во вашите домови. Среќна нова 2024-та година!“, додава Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира