Првото бебе во 2024 година во Прилеп е женско. Мајката Низакете Керимоска од селото Црнилиште се породила природно во 1.30 часот после полноќ. Бебето е тешко 3.230 грама и долго 49 цм.
„Ова е второ наше дете, јас се чувствувам добро, првото е 3,5 години, се уште не знаеме како ќе се вика“, рече мајката на првото новороденче во Прилеп.
„Имаме уште 2 друди потенцијални новороденчиња не се знае како ќе заврши денот со колкав број на нови бебиња. Од тимот на гинеколошко – акушерското одделение во Прилеп на сите им посакуваме Среќна Нова Година и многу успех, здравје, среќа и бериќет“, рече д-р Гордана Цанески, гинеколошко – акушерското одделение – Прилеп.
„Од одделението што носи најмногу радост им посакуваме на сите плодна и бериќетна година, живи здрави да се, да е здраво и живо новороденчето и Јавната здравствена установа со проширена надлженост општа болница Прилеп со скромен подарок го честиташе новороденчето и посакуваме да расте во мир, среќа и благосостојба“, рече Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
„Во новата 2024 година на свет е донесено женско бебе. Бериќетна година ќе биде, им честитаме на родителите, на мајката. Им посакуваме брзо опоравување со скромен подарок. Општина Прилеп им го честита новороденчето и им посакува среќа, родост во домот и се она што го заслужува едно семејство за одгледување на нашите подмладоци“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.