Прилепскиот уметник Златко Крстевски учесник на Фестивалот на Манга и современа карикатура во Јапонија

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На последното издание на познатото Саитама Триенале 2023 кое се одржа од 7-ми октомври до 10 декември во истоимениот град Саитама во Јапонија, во рамките на Триеналето се одржа и годинешниот 33-ти меѓународен фестивал на Манга и современа карикатура кој траеше до крајот на декември. Фестивалот беше тематски, каде беа поканети да учествуваат со оригинални дела имаше 120-на уметници од над 40-на земји како Јапонија, Кина, Египет, Бразил, Турција, Франција, Белгија, Израел и други.

Со две дела  учествуваше и македонскиот автор Златко Крстевски. Делата од сите уметници се публикувани во специјален албум на 120 страници во боја со биографски референци на англиски и јапонски. Делата беа изложени во Музејот на Манга Уметноста Бонсаичо Кита Вард во Саитама  каде е сместен и Музејот кој претставува Спомен куќа во чест на познатиот Мајстор на современата Манга уметност Китазава Ракутен.

Пред неколку години беше откупено дело од Крстевски и е дел од колекцијата на Музејот Саитама Сити од Јапонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира