На 25.01.2024 во 19.05 часот во Полициската станица Прилеп, О.Б.(51) од Прилеп пријавил дека околу 15.30 часот на улица „Јоска Јорданоски“ бил физички нападнат од едно лице. ОВР Прилеп работи на расчистување на настанот.
Наредниот ден во 01.45 часот во Прилеп, полициски службеници ги привеле А.А.С.(42) и З.И.(53), двајцата од Прилеп, затоа што во бензинска пумпа на улица „Прилепски бранители“ физички го нападнале вработениот Д.С.(32) од Прилеп и В.П.(65) од Прилеп, кој пазарел во пумпата. При интервенција на полициски службеници, А.А.С. физички нападнал и полициски службеник. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.