Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на општина Куманово и претседател на „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ влегува во претседателската трка, најави денес Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека на Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.
„На Македонија ѝ е потребeн татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија ѝ е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. На Македонија е потребен претседател кој ќе го даде максимумот за неа. На Македонија ѝ е потребен Максим Димитриевски“, нагласи Мемов.
Како што додаде, на овие избори граѓаните на Македонија првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против.
„На овие избори граѓаните за првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против. Крајно време да се случи вистинската промена на политичката сцена. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК“, рече Мемов.
Во декември минатата година, Димитриевски најави дела на претстојните парламентарни и претседателски избори ќе настапи со новоформираната партија „ЗНАМ – За наша Македонија“.