Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши промена на малопродажните цени на нафтените деривати.
Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот поевтинува за еден денар.
Според одлуката на РКЕ, литар бензин еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, а литар дизел ќе чини 77 денари.
За 0,5 денари од ноќеска на полноќ се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 75,5 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 0,409 денари и цената на еден килограм ќе изнесува 43,752 денари.